16.8 C
Скопје
13. август 2022
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Centar Македонија ТОП ВЕСТИ

Бугарски медиуми – Франција го измени предлогот за вето, историските прашања отпаѓаат

Франција го измени предлогот за укинување на бугарското вето за членството на Република Северна Македонија (РСМ) во ЕУ и во моментов е подобро за РСМ, пишуваат дел од бугарските медиуми. Заклучокот на медиумите во Софија доаѓа по изјавите на претседателот на државата Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски.

„Ковачевски посочи дека решението на историските несогласувања е исфрлено од предлогот да биде дел од европските преговори, што го пренесува БНР“ – пишуваат дел од тамошните медиуми.

-Едно од нашите барања беше историските прашања да не можат да бидат дел од преговарачката рамка, а тоа е содржано во овој предлог-документ пристигнат во МНР, рече Ковачевски.

-Модифицираниот француски предлог е многу подобар за нас од претходниот. Дали е доволно добар – засега ќе се воздржам бидејќи сакам ова да помине низ поширок круг консултации, кои за жал, по препорака на нашите сојузници, не беше направено минатиот пат за да не се загрози, како што не побараа, чувствителноста на процесот. Треба да се консултираат граѓаните, луѓето, политичките субјекти, бидејќи се обидуваме да направиме траен договор“, посочи Пендаровски.