Турските безбедносни сили уапсија 30-годишен осомничен за серија вооружени напади во подрачјето на Афјонкарахисар, во кои на 5 ноември загинаа осум лица. Една жена е тешко повредена.
Според извештајот на агенцијата ДХА, нападите се случиле на повеќе локации, а меѓу загинатите се и две наставнички. Осомничениот потоа побегнал кон соседното подрачје на Ескишехир, користејќи одземени возила.
Апсењето било извршено во заедничка акција на полицијата и жандармеријата во реонот на Сејитгази. При интервенцијата полесно бил повреден и еден припадник на жандармеријата. Истрагата за нападите продолжува.


