Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СОВЕТОТ ГО ПОТВРДИ ИМЕНУВАЊЕТО – Искра Хаџи-Василева ја презема функцијата во ОЈО ГОКК на 14 ноември

Советот на јавните обвинители на 5 ноември едногласно ја именува Искра Хаџи-Василева за раководителка на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Одлуката ќе почне да важи на 14 ноември.

Формалното именување следува по гласањето на јавните обвинители на 28 октомври. Хаџи-Василева тогаш доби 64 гласа, а нејзиниот противкандидат Ермон Пеливанов освои 57.

На 14 ноември истекува мандатот на досегашниот раководител Ислам Абази. Советот одлучи тој да продолжи со работа во Вишото јавно обвинителство во Гостивар, со примена на одлуката од истиот датум.

Можеби ќе ве интересира

КУРШУМИ, ЧАУРИ И РЕМЕН ЗА МУНИЦИЈА ВО ДОМ ВО СКОПЈЕ – Кривична пријава против 44-годишник

ДЕСК

СЕДУМ ВОЗАЧИ ПРИВЕДЕНИ ЗА ЕДНО ДЕНОНОЌИЕ – Петмина без положен испит, еден под забрана и еден под алкохол

ДЕСК

ОШТЕТИЛ СТАКЛО И СЕ ОБИДЕЛ ДА ВЛЕЗЕ ВО ПРОДАВНИЦА – Приведен кичевец

ДЕСК