27.8 C
Скопје
3. јули 2022
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Македонија

Кирил Петков: Ќе си го одржам зборот за Северна Македонија, уморен сум од кукавици!

Неколку часа пред состанокот на Европскиот совет во Брисел, премиерот во оставка Кирил Петков увери дека ќе го одржи зборот и ќе ја остави одлуката за Северна Македонија на парламентот, пренесуваат бугарските медиуми.

„Оваа одлука мора да ја донесе бугарскиот парламент. Јас си го одржувам зборот, без разлика кој што сака од мене. Нема хипотетичка можност за ништо друго. Јас сум премиер на Бугарија и кога ќе кажам нешто, си го држам зборот. Но, тоа е дека во наредните денови ќе имаме одлука на Народното собрание“, рече Петков.

Премиерот во оставка истакнал дека лично му се допаѓа францускиот предлог и смета дека неговото прифаќање би било историска шанса за Бугарија, но тоа мора да се направи на вистински начин.

Кирил Петков упатил критики до претседателот Румен Радев дека не заземал категоричен став по ова прашање и дека не го свикал Советодавниот совет за национална безбедност.

„Ако си претседател на местото, го свикуваш Националниот совет, сите заедно седиме, дискутираме и излегуваме! Но маските паднаа, се изморив од кукавици! Ќе го одржам ветувањето кон бугарскиот народ и се надевам дека ќе имаме отворена дискусија, бидејќи тоа е историја. Ова е момент кој не смееме да го пропуштиме. Овој предлог е многу добар, поентата е дека мора да се направи на вистински начин“, рекол Петков.

Тој го критикувал и однесувањето на опозицијата.

„Не можете да излезете на телевизија и да се биете во гради затоа што ќе направите нешто, а потоа ќе блокирате комисија. Не можам да верувам дека не можат да имаат кворум на вториот ден. А знаете ли зошто немаат кворум – затоа што е страшно и не можат ни претседател на Собрание да изберат. Овие се кукавици и само размислуваат како да манипулираат. Ако сте државници-одете на комисија донесете одлука ова да го кажете пред цел бугарски народ. Јас денеска ќе кажам дека додека народното собрание не донесе одлука , ставот на Бугарија останува таков каков што е“, кажал бугарскиот премиер во оставка.

Можеби ќе ве интересира

Петков: Идејата за одлука на еден човек е уште еден обид за политички маневри

M T

Петков: Поднесов оставка од функцијата премиер, следните избори ќе бидат реален референдум за тоа каква Бугарија сакаме

M T

Петков ја поднесе оставката до Владата

M T

Захариева: Петков требаше поодговорно да се однесува за Северна Македонија

M T

Петков ги обвини Русите и мафијата за падот на владата

M T

Петков ќе го достави до бугарското собрание францускиот предлог за укинување на ветото

M T