Centar.mk
БИЗНИС

ИЗВОЗОТ РАСТЕ ПОБРЗО ОД УВОЗОТ – Македонија извезла стоки вредни над 408 милијарди денари

Вкупната вредност на извозот од Македонија во периодот јануари–септември 2026 година достигнала 408,17 милијарди денари, што претставува зголемување од 10,83 отсто во споредба со истиот период лани. Според претходните податоци што Државниот завод за статистика ги објави на 5 ноември, вредноста на увозот изнесувала 566,11 милијарди денари, со раст од 7,94 отсто.

Најголемите трговски партнери, според вкупниот обем на размената, биле Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија. Тие учествувале со 49,7 отсто во вкупната надворешнотрговска размена, додека учеството на земјите членки на Европската унија изнесувало 58,8 отсто. И покрај побрзиот раст на извозот, вредноста на увозот останала повисока од извозот.

Можеби ќе ве интересира

ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ОТВОРИ ТРГОВСКА ИСТРАГА – Под проверка увозот на суровини за пластична амбалажа

ДЕСК

ЕУ РАЗГЛЕДУВА ОДЛОЖУВАЊЕ ЗА ЕДНА ГОДИНА – Нови рокови за контролите на метанот во енергетиката

ДЕСК

ПОЗНАТИ ПЛАНИРАНИТЕ РОКОВИ ЗА ГАСНИТЕ ВРСКИ – Интерконекторот со Грција се очекува во 2027, со Србија во 2028 година

ДЕСК