Centar.mk
фото Официјална фоторафија на МВР
-МАКЕДОНИЈА

19 КРИВИЧНИ ДЕЛА ЗА ЕДНО ДЕНОНОЌИЕ – Полицијата приведе 17 лица поради опасно возење

Министерството за внатрешни работи на 8 ноември соопшти дека во изминатото деноноќие на територијата на Македонија биле регистрирани 19 кривични дела за безобѕирно управување со моторно возило. Во полициските постапки биле лишени од слобода 17 лица, додека со уште едно лице бил извршен службен разговор.

Според МВР, во 11 случаи станувало збор за управување без положен возачки испит или без стекнато право за управување. Во шест случаи возачите биле под дејство на алкохол, а највисоката измерена вредност изнесувала 3,23 промили кај возач од Битола. За случаите се најавени соодветни кривични пријави по завршувањето на документирањето.

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ ДЕНЕСКА ВО ОХРИД – Ќе присуствува на отворањето на нов производен капацитет на компанијата „АСП – ПАК“

ДЕСК

ПОНЕДЕЛНИК НОСИ ОБЛАЦИ И ЛОКАЛЕН ДОЖД – Еве какво време нè очекува на почетокот од работната недела

ДЕСК

ВНИМАНИЕ НА ПАТОТ КИЧЕВО – ОХРИД – Сообраќајот се одвива со девијации на повеќе делници

ДЕСК