Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ПОНЕДЕЛНИК НОСИ ОБЛАЦИ И ЛОКАЛЕН ДОЖД – Еве какво време нè очекува на почетокот од работната недела

Новата работна недела во Македонија започнува со променливо облачно време и повремени локални врнежи од дожд. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи за 9 ноември, ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој ќе биде поизразен долж Повардарието. Дневните температури во земјата се прогнозирани претежно во интервалот од 9 до 14 степени.

Во Скопје ќе преовладува променлива облачност, со можност за повремен слаб дожд и дневна температура околу 12 степени. Во вторник се очекува потопло и променливо облачно време, додека во одделни котлини во наредните денови ќе има услови за утринска магла. Граѓаните што патуваат рано наутро треба да внимаваат на намалена видливост и влажни коловози.

Можеби ќе ве интересира

ВНИМАНИЕ НА ПАТОТ КИЧЕВО – ОХРИД – Сообраќајот се одвива со девијации на повеќе делници

ДЕСК

ЌЕ ИМА ЛИ ПРЕКИНИ НА СТРУЈА ВО ВАШАТА НАСЕЛБА? – Електродистрибуција има официјална мапа со локации и термини

ДЕСК

ПАТУВАТЕ МЕЃУ СКОПЈЕ И МАКЕДОНСКИ БРОД? – Ова се термините за движење низ Јасен што треба да ги знаете

ДЕСК