32.8 C
Скопје
3. јули 2022
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Мозаик

Седум симптоми на премногу вода во вашето тело

За време на жешките летни денови сите се трудиме да пиеме доволно вода, но ретко кој обрнува внимание на прекумерно внесување течности, што исто така не се препорачува. Внесувањето вода зависи од тоа каде живеете или климатските услови, сезоната, телесната тежина, здравјето и колку сте активни.

Препораките за дневен внес на течности (вклучувајќи вода, како и други течности внесени со храна и други пијалоци) се 3,0 литри за мажи и 2,2 литри за жени.

При поголема физичка активност, повисоки температури на воздухот, во влажна и топла клима, потребно е дополнително внесување на вода. Неопходно е да се зголеми внесот на вода за време на бременост и доење и при некои здравствени состојби (треска, дијареа, повраќање). Започнете го денот со утринска чаша вода (2 dcl) и пијте во текот на денот. Чаша млака вода наутро го стимулира варењето и помага при празнење на цревата наутро.

Иако ретко може да се претера со пиењето вода, тоа може да им се случи на спортистите кои ќе се потрудат да пијат доволно течности за да можат да дадат подобри резултати. Луѓето со бубрежнизаболувања, заболувања на црн дроб или срцеви заболувања може да имаат поголема веројатност да доживеат прекумерна хидратација.

Кога човек консумира премногу вода, клетките во мозокот почнуваат да отекуваат, а притисокот во черепот се зголемува. Ова ги предизвикува првите симптоми на интоксикација со вода, кои вклучуваат: главоболка, гадење и повраќање.

Тешките случаи на интоксикација со вода може да предизвикаат посериозни симптоми, како што се поспаност, мускулна слабост или грчеви, висок крвен притисок, двојно гледање, конфузија и отежнато дишење.

Еден од сигналите за пиење повеќе од препорачаната дневна доза на вода е гадење, а може да се јават и повраќање, конфузија и дезориентација.

Посериозните сигнали вклучуваат мускулни грчеви или чувство на мускулна слабост. Може да дојде до напад и губење на свеста, а во овој случај важно е да се консултирате со лекар.

Можеби ќе ве интересира

Без вода дел од општина Аеродром

M T

Не претерувајте, пронајдена е формула која открива колку вода треба да пиете дневно

M T

Гответе тестенини без вода: Погледнете во што е тајната

M T

Еве што се случува со телото и умот ако мастурбирате 3 пати неделно

M T

Првите симптоми на мозочен удар: Последиците од прекинот на протокот на крв во мозокот може да бидат трајни, но може да предизвикаат и смрт

M T

Важна за целото тело: Еве колку ВОДА треба да пиете дневно

M T