27.8 C
Скопје
1. јули 2022
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Македонија

1062 санкции за пребрзо возење

Во текот на вчерашниот ден (19.06.2022), Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 1062 возачи.

Од нив, 100 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 12 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 572 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 490 надвор од населено место. За време на акциската контрола санкционирани биле и 209 други видови прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

287 санкции за брзо возење

M T

365 санкции за брзо возење

M T

Шолц: Санкциите ќе завршат кога Путин ќе се откаже од своите планови

M T

340 санкции за брзо возење

M T

Русија воведе санкции за сопругата и ќерката на Бајден

M T

349 санкции за брзо возење

M T