Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Премиерот Ковачевски ќе ја пречека финската премиерка Сана Марин на работна средба

На 20 јуни 2022 година (понеделник) претседателката на Владата на Република Финска, Сана Марин ќе пристигне во еднодневна посета на нашата земја.

Премиерката Марин и делегацијата на финската влада на платото пред Владата на Република Северна Македонија ќе ги пречека премиерот Димитар Ковачевски.

Според агендата, после пречекот, премиерот Ковачевски и премиерката Марин ќе имаат тет-а-тет средба, по што ќе следува билатералната средба на членовите на двете делегации.

Посетата на премиерката Марин ќе заврши со заедничка прес-конференција со претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски.

Можеби ќе ве интересира

СЕ КРЧКА НЕВРЕМЕ ВО АТМОСФЕРАТА: Пороен дожд, ветер и град можни во следните денови

ДЕСК

Пукање во скопско Шишево, еден повреден

ДЕСК

АРАМИСКА СТОРИЈА ВО ЦЕНТАР: Клиент без пари го нападнал доставувачот и ги зел производите

ДЕСК