24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Мицкоски најави протести и целосна блокада на институции ако нема договор за избори до крајoт на летото

Доколку нема договор за избори ова лето ќе преминеме во фаза на целосна блокада. Таа целосна блокада ќе биде во Парламентот, но и блокада на институциите, блокада на патишта, протести низ градовите. Блокада на процедурите и системот во распаѓање. На тој начин нема да легитимираме систем кој е диво месо и затруен од криминал и неспособност, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски од протестот вечерва пред Владата.

Предупреди дека следи најтешката зима, а со оваа Влада ќе биде вистинско економско цунами за народот.

,,Ова лето ќе биде протестно лето во чиј фокус ќе биде Македонија на прво место. Тоа подразбира дека тимови на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги посетат сите градови и села. Пратениците, Извршниот и Централниот комитет, заедно со градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, ќе работат на општа мобилизација и изразување на незадоволство од политиките и лошата перспектива и економска состојба. Ќе се обратиме до земјоделците, докторите, работниците, професорите, службениците, невработените, стопанствениците, до целиот народ и ќе побараме да ни се придружат. Нас ни е потребна општестевна поддршка за целосен триумф врз мафијата. Оваа есен ќе биде есен на блокада на неспособноста и на сè она што претставува оваа власт“, најави Мицкоски.