Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Петровска на министерски состанок на НАТО во Брисел

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска и утре во седиштето на Алијансата во Брисел ќе учествува на состанокот на Северноатлантскиот совет на ниво министри за одбрана на земјите – членки на НАТО.

Петровска и министрите за одбрана на 29-те сојузници на состаноците ќе разговараат за две клучни теми за Алијансата – одвраќањето и одбраната, како и споделувањето на товарот. Министерката ќе учествува и на работна вечера на министрите за одбрана на НАТО и на ЕУ, Финска, Шведска, Украина и Грузија, на состанокот на земјите – членки кои придонесуваат во т.н. Зајакнато присуство на Алијансата во Латвија, како и на состанокот на Контакт групата за Украина.

Во седиштето на Алијансата, министерката Петровска ќе се сретне со помошникот генерален секретар за инвестиции во одбраната, Камил Гранд, a ќе оствари и повеќе билатерални средби со министри за одбрана на сојузничките земји.

Можеби ќе ве интересира

СИНОПТИЧАРИТЕ СО НОВИ НАЈАВИ: Драматична промена на времето следните 4 дена – подгответе се за дожд, снег и силен ветер

ДЕСК

Утре променливо облачно, кон крајот на денот со повремени врнежи од дожд

C +

Муцунски: Поставуваме основа за подлабока економска и трговска соработка со Полска

C +