23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
ТЕМАБИЗНИС

Покачување на платите и пензиите со ребалансот

Лолита Ристова, пратеничка на СДСМ вели дека со ребалансот ќе се обезбедат повисоки плати и пензии и средства за нови мерки за помош.

„Почитувани,

Ребалансот на Буџетот кој е во собраниска процедура е во насока на поефикасен одговор на последиците предизвикани од светската економска криза.

76 милиони евра се предвидени за нови, прилагодени и таргетирани мерки за помош на граѓаните и стопанството.

Со овој ребаланс зголемени се финансиските средства за плати и надоместоци и тоа на 526 милиони евра, или 554,7 милиони денари, односно над девет милиони евра повеќе во однос на буџетот, донесен пред 6 месеци.

Овие средства ќе се искористат за зголемување на платите во образованието, детската заштита, правосудството, но и кај останатите буџетски корисници чии плати ќе бидат усогласени со растот на минималната плата.

Во време кога светските пазари се соочуваат со недостиг од храна, преку ребалансот одвојуваме дополнителни 50 милиони евра за поддршка на земјоделците и домашното земјоделско производство.

Предвидени се и засилени инвестиции во капитални инфраструктурни проекти, како и проекти во енергетиката што е особено важно за одржување на економскиот раст.

Ефикасните и навремени политики, придонесоа денес да имаме стабилна економија и ликвиден буџет.

Данокот на добивка во периодот јануари- мај годинава е за 43,1 отсто поголем во однос на 2021 година, во истиот период данокот на личен доход е поголем за 17,9 отсто, ДДВ е зголемен за 7,4 отсто, а царините за 34,2 отсто.

Истовремено, бележиме и пад на јавниот долг од 2,2 процентни поени и пад на државниот долг од 1,9 процентни поени во првиот квартал од оваа година.

Овие успешни економски политики мора да продолжат и затоа е потребно овој ребаланс да биде усвоен од страна на пратениците.

Како парламентарно мнозинство продолжуваме со реализација на законски измени што значат поголема поддршка за граѓаните и стопанството“, кажа Ристова.