21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИС

Бислимоски: Секој може да прави што сака дома, но ќе плаќа повеќе ако нерационално ја троши струјата

Претседателот на Регулаторна комисија за енергетика, Марко Бислимоски кажа дека нема против да прави кој што сака, но ако некој со електрична енергија загрева базени и сауни сметам дека е невообичаена потрошувачка.

– Секој може што сака да си прави дома и тоа не е проблем. Ние само кажуваме и испраќаме сигнал до домаќинствата дека доколку нерационално ја трошат електричната енергија ќе плаќаат повеќе, посочи Бислимоски.

Нагласи дека во минатото во 80-тите и почетокот на 90-тите години од минатиот век биле воведени тарифни единици, но, како што рече, тогаш доколку се преминело од една тарифна единица во друга целосно важела втората тарифна единица.

– Сега велиме блоковите ќе важат за сите граѓани и за тој што троши многу има гарантирана цена и за прв блок, гарантирана цена и за втор блок, гарантирана цена и за трет блок. Доколку во скапа тарифа сте потрошиле 650 киловат часови, 210 киловат часови ви се гарантирани по цена од прв блок, од 210 до 420 по цена од втор блок, од 420 до 630 по цена од трет блок и само 20 киловат часови, односно разликата од 630 до 650 киловат часови ќе платите по цена за четврт блок, појасни Бислимоски.

Претседателот на РКЕ Бислимоски истакна дека земјава е енергетски сиромашна и нема нафта или гас, а електрична енергија мора да има.

– Резервите на јаглен ни се при крај и тој јаглен кој го имаме е со екстремно лош квалитет, а електрична енергија мора да има. Друга опција не постои. Затоа испраќаме сигнал до домаќинствата да си ја намалат својата потрошувачка. Не е вообичаено 17 домаќинства да трошат 10 проценти од потребите на домаќинствата. Треба да има електрична енергија за сите и апсолутно не сметам дека е противуставно имајќи во предвид дека ќе важи за сите потрошувачи во државата со таков тип на потрошувачка, рече Бислимоски.

Спонзорирано: