Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

217 сообраќајни прекршоци во Скопје: 93 за пребрзо возење, 30 возеле пијани

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (12.06.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 217 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 93 санкции, 30 санкции за возење под дејство на алкохол, 15 мерки за возење без возачка дозвола.

Изречени се и 29 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, три мерки за поминување на затворен сигнал (црвено светло), шест за прекршоци што ги прават пешаците, пет мерки за користење на мобилен телефон…

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Петрушевски со сериозни обвинувања: СДС е еднакво на ССМ, денешниот протест е измама, а не борба за работнички права

ДЕСК

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ЗНАЧИТЕЛНА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО, ДОЖД И ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ: Синоптичарите со повеќедневна прогноза за времето

ДЕСК

Минималната плата мора да се зголеми во март, рече Трендафилов

C +