Centar.mk
ТЕМАМОЗАИК

Дали косата брзо ви се мрси? – Ставете ги овие две состојки во шампонот, резултатот ќе ве ВООДУШЕВИ

Сите типови коса бараат посебна нега. Ако вашата коса е често мрсна, потребна ви е нега на косата која ќе го намали лачењето на себум – а растенијата можат да ви помогнат во тоа.

Постојат различни шампони и производи, но доколку сакате природна нега на коса, без хемикалии, можете да си направите шампон во вашиот дом кој ќе ви помогне подолго време да ја одржувате косата чиста и негувана. За таа цел можете да користите билни чаеви кои можеби веќе ги имате во домот – од нане и жалфија.

Во сад со 350 мл вода ставете две лажички листови нане и жалфија. Ставете го на оган и варете околу 20 минути. Кога водата ќе зоврие, исклучете ја топлината и процедете го добиениот чај. Оставете го целосно да се излади. Потоа измешајте го чајот со шампон кој има неутрална pH вредност. На крајот сето тоа добро измешајте го и вашиот шампон е готов.

Нанесете го како и секој друг шампон додека ја миете косата. Добро истријте го и оставете да делува 2 до 3 минути. Потоа исплакнете ја и исушете ја косата. Покрај тоа што ќе ја одржувате вашата коса чиста подолго време, таа ќе биде миризлива, негувана и здрава.

Можеби ќе ве интересира

„Би-Би-Си“ ги издвои новите хит дестинации за летување во Европа – меѓу нив Албанија и Црна Гора

C +

Италијанките живеат подолго и посреќно: Овие шест навики ја кријат нивната тајна за долговечност

C +

Жена пронашла порака во шише на плажа, па веднаш повикала полиција

C +