5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМОЗАИК

Потребна ви е една состојка и 5 минути за природен шампон против првут

Првутот е еден од најчестите дерматолошки проблеми, може да биде многу непријатен, а косата, без разлика колку и да е чиста и негувана, изгледа неубаво.

Има многу решенија кога станува збор за првутот, има многу шампони и козметички средства, но она што е сигурно е дека природното решение е секогаш најдобриот лек за секого.

Затоа, доколку имате проблем со лупење на скалпот, а сакате природни решенија, без хемикалии и агресивни состојки, тогаш треба да пробате домашен шампон од ловоров лист.

Речиси во секоја кујна можете да најдете ловоров лист, зачин кој на готвените јадења им дава посебна арома. Сигурно сте слушнале дека ловоровиот лист одлично делува на здравјето, на пример: помага при кашлица, но ретко кој знае дека ловоровиот лист е вистинско природно богатство за нега на коса.

Ловоровиот лист содржи околу два отсто есенцијални масла и има многу придобивки за телото. Содржи полифеноли, танини кои се моќни антиоксиданси, витамин А, витамин Ц, натриум, калиум, железо и магнезиум, како и растителни влакна.

Затоа ви носиме третман со ловоров лист и кокосово масло, а ви треба:

пет ловорови лисја
лажичка кокосово масло
500 мл вода

Во водата ставете го ловоровиот лист и кокосовото масло, оставете да се варат додека не зоврие, па оставете го на оган уште 5 минути. Тргнете го од оган и оставете да се излади. Потоа истурете ја течноста во шишето со распрскувач и нанесете на скалпот, добро истријте. Држете го на косата околу 15 до 30 минути, а потоа измијте ја косата на вообичаен начин.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

ЛЕСНО И ЕДНОСТАВНО – Направете ваш природен спреј за коса

M T

Откриена вечната мистерија – Еве дали со сечењето на косата го забрзуваме нејзиниот раст

M T

Трик кој открива дали вашата коса е подготвена за промена

M T

Тест со чаша вода: Еве четири начини да бидете сигурни дека вашата коса е здрава

M T

Мажите преплашени: Дали мастурбацијата навистина предизвикува ОПАЃАЊЕ НА КОСАТА?

M T

Дали косата брзо ви се мрси? – Ставете ги овие две состојки во шампонот, резултатот ќе ве ВООДУШЕВИ

M T