22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Османи во дводневна посета на Јапонија, ќе организира и бизнис форум

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска и утре ќе престојува во работна посета на Јапонија, на покана на јапонскиот министер за надворешни работи, Јошимаса Хајаши.
османи, посета, јапонија

Покрај средбата со својот хомолог, министерот Османи ќе биде примен од престолонаследникот на Јапонија, принцот Акишино.

Османи ќе има одвоени средби со спикерите на Домот на претставници и Домот на советници при Парламентот на Јапонија, Хиројуки Хосода и Акико Санто, како и со членовите на Парламентарната

Во рамките на економскиот сегмент на посетата, министерот ќе организира бизнис форум со Јапoнската организација за надворешна трговија – JETRO, каде ќе ги презентира поволностите за инвестирање во Северна Македонија пред истакнати јапонски компании како Хонда, Митсубиши, Нипон Коеи и сл. Дополнително, министерот Османи ќе оствари средба и со министерот за Осака EXPO 2025, Кенџи Вакамија.

Целта на посетата е унапредување на билатералните односи меѓу Северна Македонија и Јапонија, со посебен акцент на економската соработка и бизнис релациите, Воедно, ќе бидат разменети мислења за актуелната безбедносна состојба во европскиот континент и Индо – Пацификот, надворешно-политичките приоритети на двете земји, како и за актуелните меѓународни прашања и регионални теми.

Министерот Османи од Токио ќе отпатува за Вашингтон, каде ќе ја предводи Владината делегација во рамките на Стратешкиот дијалог меѓу Северна Македонија и САД.

Можеби ќе ве интересира

Министерката за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон, во посета на Македонија

M T

Османи во Собрание ги претстави приоритетите на претседавањето со ОБСЕ

M T

Oсмани-Рикер: Ангажманот на САД во Западен Балкан е гаранција за стабилност и напредок

M T

Средба Османи – Касулидес

M T

Јапонија донира 61.801 евра на универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби

M T

Османи-Рибеиро: Разменети мислења за состојбата со медиумските слободи во регионот на ОБСЕ

M T