Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ДУИ: Дизелот поскапе 17 денари за помалку од еден месец – Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

За помалку од еден месец, цената на дизелот се зголеми од 82,5 на 99,5 денари за литар. Тоа се цели 17 денари повеќе, односно зголемување од 20,6%. Зголемувањето во Северна Македонија е приближно четири пати поголемо од просечното зголемување забележано во земјите на Европската Унија во истиот период, велат од ДУИ.

Според партијата, ова поскапување граѓаните ќе го платат повеќекратно.

„Дизел од 99,5 денари значи поскап транспорт, поскапа храна, повисоки трошоци за земјоделците и бизнисите, како и нов притисок врз инфлацијата. Секој камион што носи стока до маркетите, секој автобус и секое работно возило денес чини повеќе. На крајот, сето тоа се пресликува во цената што ја плаќа граѓанинот“, велат од ДУИ.

Од партијата обвинија дека Владатала ги остави граѓаните сами пред најголемото поскапување на дизелот во последните години.

„Додека другите земји интервенираат со намалување на акцизите, субвенции и мерки за заштита на семејствата, кај нас цената се приближува до 100 денари, а платите и пензиите остануваат исти. По ова поскапување следува нов бран на поскапувања. Сметката ќе стигне во секој дом“, велат од ДУИ./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ ТЕЛЕФОНСКИ РАЗГОВАРАЛ СО НОСИТЕЛОТ НА СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА – Честитка за изборната победа во Србија

ДЕСК

СЕДУМ ВОЗАЧИ ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА ЗА ЕДНО ДЕНОНОЌИЕ – Дел возеле без дозвола, други под дејство на алкохол

ДЕСК

УТРЕ ПОСЕБЕН СООБРАЌАЕН РЕЖИМ ВО СКОПЈЕ – МВР најави ограничувања поради официјална посета

ДЕСК