11.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

МЗШВ бара од пратениците едногласно да го усвојат Законот за земјоделство и рурален развој како приоритетен на денешната пленарна седница на Собранието

Покажаниот консензус во рамки на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство при Собранието, кој значеше едногласно усвојување на Законот за земјоделство и рурален развој потребно е пратениците да го покажат и за време на денешната пленарна седница. За таа цел, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство бара од сите пратеници едногласно да ги усвојат измените и дополнувањата на овој Закон и тоа како прва точка на дневниот ред на денешната 64-та пленарна седница на Собранието закажана за 12:10 часот.

Потсетуваме дека со усвојувањето на измените и дополнувањата на Законот за земјоделство и рурален развој предложен од група пратеници уште на 23.2.2022 година директно се помага на повеќе од 20.000 семејства кои живеат од производство на тутун. Со усвојувањето на Законот се отвора пат уште утре да можеме да ја реализираме исплата на субвенциите за оваа важна група на земјоделци кои се наоѓаат во екот на подготовки за нова реколта. 

Истакнуваме дека блокадите кои се насочени кон остварувањето на правата на земјоделците се целосно неоправдани и водат кон отежнување на состојбата во овој важен сектор. Истовремено, секоја блокада насочена против исплатата на заслужената поддршка и финансиски средства за стимулација на земјоделците и земјоделското производство во вакви кризи времиња дополнително ја намалува поддршката за македонските земјоделски производи, што може да влијае кон намалување на земјоделските површини и култури, но и кон зголемување на цените на основните прехранбени производи.

За таа цел, како Министерство, уште еднаш апелираме да се слушне гласот на земјоделците и да бидат ставени високо во приоритетите и следните закони преку кои директно и индиректно зависат многу традиционални земјоделски семејства, како и многу индивидуални млади земјоделци и жени земјоделки.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Чарлс Трети денеска првпат ќе им се обрати на пратениците како монарх

M T

Груби: Разговараме со пратеници од опозицијата за поддршка на уставните измени

M T

Коциќ: Државничката одлука на мнозинството пратеници го отвори европскиот пат, македонскиот јазик во ЕУ

M T

Митрески: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го омаловажуваат македонскиот јазик

M T

МЗШВ: Потсетување за оризопроизводителите – уште шест дена трае рокот за аплицирање за поддршка при набавка на комбајн или сушара за ориз

M T

МЗШВ започнува нов проект за Национална стратегија за oбезбеденост со храна

M T