8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМОЗАИКЗДРАВЈЕ

Сакате да го регулирате ШЕЌЕРОТ ВО КРВТА? – ЗАДОЛЖИТЕЛНО додадете ги овие намирници во вашето мени

Ако имате дијабетес или поради некоја друга причина треба да внимавате на нивото на шеќер во крвта, а од витално значење е да почнете да консумирате храна која го регулира шеќерот.

Според нутриционистката Моли Хембре, најдобрата ужина е онаа која содржи протеини и јаглехидрати богати со влакна.

„Протеините и влакната го ублажуваат порастот на нивото на шеќер во крвта, за разлика од рафинираните житарки“, вели таа. Еве неколку предлози за идеална ужина:

Парчиња јаболко и путер од кикирики
– Јаболкото е добар извор на јаглехидрати во форма на природен шеќер (фруктоза). Јадете го со путер од кикирики за да додадете протеини кои помагаат да се контролира шеќерот во крвта, рече таа.

Јаболко со средна големина има 4,8 грама влакна. Оваа хранлива состојка помага да се забави варењето, што го спречува наглото зголемување на шеќерот во крвта. Освен што имаат многу витамини, јаболката содржат и полифеноли.

Откриено е дека полифенолите го стимулираат ослободувањето на инсулин од панкреасот. Ова им помага на клетките на телото да го апсорбираат шеќерот, што на крајот го намалува нивото на шеќер во крвта.

Свежо сирење и праски
„Свежото сирење, особено сирењето со малку маснотии, е одличен извор на протеини, кои во комбинација со праските може да помогнат да се зголеми внесот на влакна и да се стабилизира шеќерот во крвта“, вели Хембре.

Праските се овошје со низок гликемиски индекс (42), што значи дека предизвикуваат мало зголемување на шеќерот во крвта. Освен тоа, содржат калиум и витамини А и Ц, што значи дека добро делуваат на здравјето на срцето и го подобруваат варењето.

Јогурт со малку маснотии и боровинки
Јогуртот со малку маснотии може да помогне и во регулирањето на нивото на шеќер бидејќи е богат со протеини. Јогуртот содржи и пробиотици, кои му овозможуваат на телото да ја метаболизира храната што содржи шеќер.

Боровинките се полни со влакна и антиоксиданси, кои го намалуваат крвниот притисок и учествуваат во процесот на преработка на гликозата.

Можеби ќе ве интересира

Кои се придобивките од пиењето кафе: омилениот пијалок на многу луѓе може да го намали ризикот од дијабетес

CENTAR MKD

Ги намалува шеќерот и холестеролот: Ова растение се нарекува златно, а неговиот корен е чудотворен лек

M T

Содржат многу минерали и витамини: Овие 10 НАМИРНИЦИ го заслужуваат епитетот суперхрана во 2022 година

M T

Овие намирници немаат рок на траење, може да се чуваат на собна температура

M T

Доаѓа студено време: Подобрете го имунитетот со овие 5 намирници

M T

Еве што се случува со телото ако престанеме да јадеме шеќер 7 дена

M T