Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИвест

Ковачевски: Пред нас е тешка зима, ќе работиме максимално одговорно и посветено

Пред нас е тешка зима во која ќе ги вложиме сите сили да ги намалиме ценовните шокови, вели во денешното видео обраќање премиерот Димитар Ковачевски.

„Пред нас е тешка зима во која ќе ги вложиме сите сили да ги намалиме ценовните шокови. Сакам да ве уверам, дека Владата е целосно посветена и подготвена за се што претстои. Ќе работиме максимално одговорно, посветено и ефикасно во интерес на граѓаните.“ вели премиерот Ковачевски.

Во видео обраќањето Ковачевски наведува дека Владата предводена од СДСМ го реализирала едно од најважните ветувања дадено пред граѓаните уште во 2017, просечна плата од над 30.000 денари.

„Малку кој веруваше дека ќе имаме просечна плата од 30.000 денари. Ова ветување беше мета на критика и потсмев, но со доследни политики успеавме да го реализираме“, вели Ковачевски.

Во време на голема економска криза сфаќаме колку е значајно вложувањето во приходите на граѓаните и работниците, додава премиерот Ковачевски.

„Со покачувањето на платите се штитиме од големиот раст на цените, а буџетот го насочуваме онаму каде е најпотребно. Изразувам благодарност на сите членови на Владата во овој и минатиот мандат кои доследно и посветено работеа на остварување на ова ветување. Докажавме дека ветувањата ги исполнуваме и од зацртаните цели не отстапуваме.“ вели премиерот Димитар Ковачевски во денешното обраќање.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК