30.8 C
Скопје
2. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ковачевски: Со покачувањето на платите се штитиме од ценовните шокови

Со покачување на платите и вложување во стандардот на граѓаните се штитиме од ценовните шокови а буџетот го насочуваме онаму кадешто е најпотребно, вели во видео обраќање премиерот Димитар Ковачевски.

Ковачевски додава дека пред нас е тешка зима во која Владата ќе ги вложи сите сили да ги намали ценовните шокови.

„Во време на голема економска криза сфаќаме колку е значајно вложувањето во приходите на граѓаните и работниците. Со покачувањето на платите се штитиме од големиот раст на цените, а буџетот го насочуваме онаму каде е најпотребно. Пред нас е тешка зима во која ќе ги вложиме сите сили да ги намалиме ценовните шокови. Сакам да ве уверам, дека Владата е целосно посветена и подготвена за се што претстои. Ќе работиме максимално одговорно, посветено и ефикасно во интерес на граѓаните.“ вели премиерот Ковачевски.

Во видео обраќањето премиерот Ковачевски посочува дека владата предводена од СДСМ го реализирала едно од најважните ветувања дадено пред граѓаните уште во 2017, просечна плата од над 30.000 денари.

„Малку кој веруваше дека ќе имаме просечна плата од 30.000 денари. Ова ветување беше мета на критика и потсмев, но со доследни политики успеавме да го реализираме. “ додава Ковачевски.

На крај од своето обраќање Ковачевски изрази благодарност на сите членови на Владата во овој и минатиот мандат кои доследно и посветено работеа на остварување на ова ветување.

„Докажавме дека ветувањата ги исполнуваме и од зацртаните цели не отстапуваме.“ вели премиерот Димитар Ковачевски во денешното обраќање до нацијата.