30.8 C
Скопје
3. јули 2022
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Centar Мозаик Здравје

Променете ја исхраната: Без лекови за лесно намалување на шеќерот во крвта

Високиот шеќер во крвта може да стане сериозен здравствен проблем.

Тоа е особено опасно за оние со дијабетес и може да предизвика оштетување на нервите, бубрезите и срцето.

За среќа, постојат едноставни и ефективни начини за намалување на шеќерот во крвта.

Консумирајте помалку шеќер
Се препорачува помалку од 20 проценти од вкупните калории дневно да бидат шеќер. Затоа, најдобриот начин да го намалите шеќерот во крвта е едноставно да го ограничите внесот.

Променете ја исхраната
Заменете ја храната богата со шеќер со поздрави алтернативи. На пример, слатките заменете ги со овошје, а соковите со вода и чаеви без шеќер.

Вежбајте
Вежбањето гарантира дека вашите мускули користат шеќер во крвта и дека вашиот метаболизам е добро регулиран. Вежбањето исто така ја зголемува чувствителноста на инсулин и хормоналните функции, кои се клучни за спречување на дијабетес.

Контролирајте го нивото на стрес
Стресот и недостатокот на сон може да предизвикаат висок шеќер во крвта поради нередовни оброци, поголем внес на брза храна, зголемено лачење на хормони на стрес и намалена чувствителност на инсулин. Затоа треба да одржувате здрав режим на спиење и да го контролирате нивото на стрес.

Намалете ги порциите и распоредот на оброците
Помали порции и почести оброци во текот на денот – ова се покажа како добитна комбинација за намалување на шеќерот во крвта и ризикот од дијабетес. Времето, зачестеноста и видот на храната се клучни за нивото на шеќер во крвта. Истражувањата покажуваат дека најдобро е да се избере храна богата со влакна, пробиотици, јаткасти плодови, цели зрна и храна која нема многу скроб.

Можеби ќе ве интересира

Еве зошто е поздраво кафето без млеко и шеќер

M T

Сакате да го регулирате ШЕЌЕРОТ ВО КРВТА? – ЗАДОЛЖИТЕЛНО додадете ги овие намирници во вашето мени

M T

Мал трик кој прави ЧУДА: Редоследот на јадење храна може да помогне во регулирањето на шеќерот во крвта, само еден е вистински

M T

ЛЕБ КОЈ ТОПИ МАСТИ – Првото јадење што го исфрлате од исхраната кога започнувате диета, но грешите

M T

Овие 5 симптоми откриваат дали имате висок шеќер во крвта

M T

Дали е добро да пиете цеден портокал наутро?

M T