22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.ТЕМАМОЗАИК

(ВИДЕО) Андреа Коевска се извини: Немав намера да навредам никого со тоа што фрлив знамето на земја

Македонската претставничка на Евровизија, Андреа Коевска се извини за тоа што го фрли државното знаме на земја за време за време на фотографирањето во Торино.

Во видеопораката која ја објави, таа потенцираше дека немала намера да навреди никого и ѝ се извини на македонската јавност.

„Ги видов написите во медиумите и не ми се верува дека се случува тоа. Во последните неколку дена, сѐ што правев е тоа што гордо се движев насекаде и го покажував македонското знаме.

Но, во моментот кога ме фотографираа, побараа од мене да го немам македонското знаме. Делегацијата беше навистина подалеку од мене и јас одлучив да го фрлам знамето.

Не беше од омраза затоа што јас сум горда што доаѓам од тука. Затоа ми е малку бесмислено зошто се случува ова. Навистина сум тука да ја претставам Македонија во најдобро светло и се надевам дека можеме да продолжиме во ова евровизиско искуство со позитива.

Немав намера да навредам некого, ако го направив тоа – се извинувам!“, изјави Андреа.

Видеото може да го погледнете тука.