Centar.mk
ТЕМАЛОКАЛНОвест

Ѓорче Петров цел викенд се дави во ѓубре

Фотографии од граѓани покажуваат дека општина Ѓорче Петров вечерва но и за време на целиот викенд е преполна со ѓубре.

Локацијата од преполните контејнери и расфрланото ѓубре е на главната улица на само десетици метри од зградата на општината.

Фотографии и видеа со преполни контејнери и ѓубре се појавија и за општина Аеродром и градскиот кеј, очигледно дека општините, Град Скопје и ЈП Комунална хигиена го искористиле викендот добро да одморат.

Можеби ќе ве интересира

До 5 јуни можност за отплата на долгови кон Комунална хигиена без камата

C +

Средба помеѓу Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, претставници на Град Скопје и градоначалникот на Матера, Антонио Николетти

ДЕСК

Поддршка за секое дете – еднакви можности за спорт

ДЕСК