Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

205 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (05.05.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 205 возачи. Од нив осум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 91 возач ја пречекорил брзината во населено место, а 114 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Кузеска: Нова лага на Мицкоски, знаел за државјанството на Груевски – затоа документите не се праќаат

ДЕСК

Мицкоски: Предлог законот за пушење е донесен врз консултации на сите засегнати страни, нема да има повластени, ќе се спроведува на целата територија на државата

ДЕСК

МОПЕД ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ И УДРИЛ ВО ДРВО: Осумнаесетгодишник тешко повреден во валандовско

ДЕСК