Во албанскиот главен град денеска се одржува регионален самит посветен на спроведувањето на европскиот План за раст на Западен Балкан. Меѓу учесниците се албанскиот премиер Еди Рама, еврокомесарката Марта Кос и косовскиот премиер Албин Курти.
Разговорите се насочени кон економските реформи, регионалното поврзување и постепеното вклучување на балканските економии во единствениот европски пазар. Конкретните резултати од денешниот состанок се очекуваат по завршувањето на разговорите.


