Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈАТЕМА

Европратеник за спорот С.Македонија – Бугарија: Ако заглавиме во минатото, Русија ќе интервенира во двете земји

Словачкиот европратеник од ЕПП, Владимир Билчик ги повика Бугарија и Северна Македонија да најдат решение за билатералниот спор околу новите предизвици.

„Да, има билатерални проблеми меѓу Бугарија и Северна Македонија. Но, имавме и имаме многу билатерални проблеми во Централна Европа. Ништо во овие проблеми на Балканот не е единствено. Имавме такви проблеми со Унгарија, меѓу Чешка и Словачка. кога беше поделена.Чехословачка, и тие беа поврзани со малцинствата, нивното признавање, но ние се справивме со нив на патот кон ЕУ, па сè што сакаме да направат нашите пријатели во Бугарија и Северна Македонија е да најдат начин да разговараат со едни со други и во исто време да се придвижат по европскиот пат, Билчик, цитиран од БНР.

Европратеникот додава дека не се работи само за двете земји, туку за многу посериозни европски стратешки интереси.

– Да најдеме начин да го придвижиме процесот на проширување и пристапување и да ги решиме билатералните проблеми. Ако заглавиме во минатото, Русија ќе има корист и ќе интервенира во двете земји, како што тоа го прави во другите региони. Затоа држам скрстени прсти за моите пријатели од Бугарија и Северна Македонија да најдат пат напред. Знам дека има многу емоции и проблеми, многу напорна работа за двете страни. Меѓутоа, оваа војна промени многу работи и се соочуваме со многу поголеми закани. Верувам дека прашањето за малцинствата може да се реши трпеливо и преку дијалог, како што се случи во Централна Европа, заврши Билчик.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски им порача на граѓаните дека ќе ја платат цената додека цело ВМРО си обезбеди пасоши од ЕУ преку Бугарија

ДЕСК

Родителите работат, децата ги расте телефонот: Дали го губиме семејството?

ДЕСК

НЕВРЕМЕ И ТЕМНИ ОБЛАЦИ НАД МАКЕДОНИЈА ВО НАЈАВА: Детална четиридневна прогноза

ДЕСК