Скоро сите обожаваат помфрит иако не знаат колку всушност е нездрав бидејќи се пржи во длабоко масло. Сепак, постои многу поздрава верзија на овој специјалитет за која нема да ви треба шише масло.
Еве како да направите здрав помфрит од рерна:
Состојки
1 кг компири
сол по вкус
2 лажици стопен путер
Излупете ги и пресечете ги на стапчиња со дебелина како што сакате. Во длабоко тенџере ставете вода да зоврие. Приближно 3 литри вода на килограм компири.
Ставете ги во врела вода, поставете го тајмерот на 150 секунди, т.е. 2 и пол минути. За тоа време, наполнете сад од 3л со ладна вода и ставете десетина коцки мраз. Топлите компири веднаш ставете ги во ладната вода со мраз. Оставете ги таму 30 секунди, па извадете ги на крпа да се исушат. Ставете ги во сад, прелијте ги со стопен путер и сол по вкус. Сè добро измешајте. Наредете го секој компир посебно и оставете го во замрзнувач преку ноќ. Следниот ден ставете ги во кеса и вратете го во замрзнувач.
Вака складираните компири можат да останат во замрзнувач до 6 месеци. Доколку сакате да ги печете во рерна, само ставете ги на хартија за печење. Посолете, зачините по вкус и печете на 220 степени околу 10 минути во зависност од рерната. Компирите се печат или пржат вака замрзнати.