10.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМОЗАИК

За здрави заби е потребно редовно миење: Еве го вистинското време да ја замените старата четка за заби со нова

Редовното и правилно миење на забите е гаранција за нивното здравје. Меѓутоа, ако четката што ја користите не е соодветна поради која било причина, може да ги намали резултатите од миењето.

Стоматолозите велат дека забите треба да се мијат најмалку две минути и после секој оброк.

Со четкање на забите ги отстрануваме остатоците од храна, бактерии, забен камен и се што доведува до кариес, расипување на забите и други орални проблеми.

Колку често треба да се менува четката за заби?

Прво, треба да обрнете внимание на влакната (влакненцата) на четката за заби. Ако веќе не се толку крути или ја промениле бојата – ова ви кажува дека треба да ја замените.

Доколку забележите дека пастата за заби се акумулира меѓу влакната и тоа е знак дека и е истечен рокот и дека на вашата четка има голем број бактерии.

Исто така, ако влакната испаднат и се истрошат – фрлете ја четката во ѓубре. И производителите на четки за заби и стоматолозите се согласуваат дека четката за заби треба да се менува на секои три до четири (максимум) месеци.

Ако четката ја променила бојата и обликот и влакната не се веќе толку вкочанети – тогаш „залуден е целиот труд“, бидејќи таквата четка повеќе не е ефикасна и не може добро да ги исчисти забите.

Заблудата е дека забите подобро ќе се четкаат ако ги триеме забите посилно и подолго. Голема грешка. Ова може само да ја оштети глеѓта и да ги иритира непцата.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Стоматолози од Франција ваделе здрави заби од пациентите и им ставиле протези

M T

Стоматолог испрати важен совет: „Престанете да ги плакнете забите со вода по четкањето“

M T

Колку често треба да ја менуваме четката за заби? – Во овој случај, заменете ја ВЕДНАШ

M T

Евтино и навистина делува: Со овие трикови ќе ги избелите забите со овошје

M T

Што им прави БАКНУВАЊЕТО на нашите заби? Стоматолог ја открива тајната

M T

СОВЕТИ ЗА БЛЕСКАВА НАСМЕВКА – Како до поздрави и поубави заби

M T