13.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Вистиномер: Тот бил нападнат од дечко и девојка, која откако паднал го удрила со нога по главата

Хрватскиот ракометар Денис Тот вчера изутрина, во близина на дискотеката „Привилиџ“ бил нападнат од две лица, дечко и девојка, дознава „Вистиномер“ од два независни полициски извори.

За овој трагичен случај во текот на денот се ширеа различни верзии, и од страна на македонските и од страна на хрватските медиуми, пишува Вистиномер.

Хрватскиот ракометар Денис Тот вчера изутрина, во близина на дискотеката „Привилиџ“ бил нападнат од две лица, дечко и девојка, дознава „Вистиномер“ од два независни полициски извори. Дваесет и седум годишниот ракометар попладнево почина на Клиниката за реанимација, анестезија и интензивно лекување (КАРИЛ). Првично, од КАРИЛ, а и од МВР изјавија дека на телото немало траги на насилство, а за трагичниот настан се ширеа различни верзии околу причините за смртта.

Попладнево полицијата ги прегледала камерите на „Сејф Сити“, каде точно се гледало што се случувало пред младиот ракометар да падне во бесознание и да биде пренесен во Ургентниот центар.

На снимките се гледало како дечко и девојка излегуваат од дискотеката „Привилиџ“ и влегуваат во такси возило, а по нив тргнал и Тот и им се обратил, но на снимките не може да се чуе што им кажал. Дечкото и девојката излегуваат од такси возилото. Дечкото му удира две шлаканици, по што ракометарот веднаш паѓа на земја, а девојката неколку пати го удира со нога по главата. Младиот ракометар воопшто не се придвижил, ниту пак дал отпор. Откако виделе дека е во бесознание, двајцата се обиделе да му помогнат и да го реанимираат, но не успеале, по што избегале од местото на настанот, а такси возилото си заминало уште кога настанала расправијата. Телото на младиот ракометар го видела една од вработените во дискотеката и веднаш повикала Брза помош.

За овој трагичен случај во текот на денот се ширеа различни верзии.

Првично, текст објавен во хрватски „Вечерњи лист“, дека хрватскиот ракометар Денис Тот кој игра во екипата на Бутел, бил крвнички претепан во Скопје и се бори за својот живот, доцна вечерта во четвртокот и утринава, го презедоа најголем дел од македонските медиуми.

Во текстот пишуваше дека 27-годишниот Тот имал повеќе фрактури и други бројни повреди, кои најверојатно настанале откако бил претепан со тапи предмети, а бил и удиран со раце и со нозе по телото. „Вечерњи лист“ се повикуваше на неофицијален извор и тврдеше дека сето ова се случило во дискотеката „Привилиџ“ во Скопје, а дека снимките од безбедносните камери биле избришани, пишува Вистиномер.

 

НОВО АЖУРИРАЊЕ ВО 23 ЧАСОТ И 52 МИНУТИ – СЕ ОГЛАСИ БРАТОТ НА ДЕНИС ТОТ

Братот на ракометарот Тот: Денис почина од срцев удар, а не од било какви телесни повреди, тепачка и останати глупости

Спонзорирано: