Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Братот на ракометарот Тот: Денис почина од срцев удар, а не од било какви телесни повреди, тепачка и останати глупости

Бидејќи во текот на денов дел од хрватските но и македонските медиуми шпекулираа со причините за смртта на хрватскиот ракометар Денис Тот кој играше за скопскиот РК Бутел, се огласи неговиот брат Борис Тот преку Фејсбук.

-Им благодарам на господата новинари на „професионално“ извршената работа. Може само да ви биде срам поради пласирањето на дезинформации во јавноста и ширењето на лаги заради собирање на кликови. Денис почина од срцев удар, а не од било какви телесни повреди, тепачка и останати глупости кои во текот на целиот ден се пишуваа… Срамота е на туѓата несреќа да градите публицитет“, напиша Борис Тот.

Можеби ќе ве интересира

Милошоски: Улогата на Врховниот суд на дава придонес во владеењето на правото

ДЕСК

СЕ ПОДГОТВУВА НОВ СИСТЕМ ЗА СТУДЕНТСКИ ОБРОК – Јаневска потврди дека се водат преговори

ДЕСК

ПРОТЕСТИ ПО УБИСТВОТО НА 17-ГОДИШНАТА ДЕВОЈКА – Вечерва собир во Богданци, во недела во Скопје

ДЕСК