19.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ковачевски – Ципрас: Само со дијалог и решенија градиме просперитет

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, на маргините на економскиот форум „Делфи“ во Атина се сретна со поранешниот премиер на Грција и лидер на Сириза, Алексис Ципрас.

Во срдечна и пријателска атмосфера, Ковачевски и Ципрас на средбата се согласија дека четири години од потпишувањето на договорот од Преспа тој сѐ уште ги остварува придобивките со кои се реши тридеценискиот спор и со кој се воспостави стратешко пријателство меѓу Северна Македонија и Грција, се обезбеди членството на нашата земја во НАТО и се донесе одлуката за безусловен почеток на преговорите за членство во ЕУ.

Големите и далековидни пораки што во себе ги носи договорот од Преспа, споделија Ковачевски и Ципрас, со своето значење, особено денес од перспектива на војната во Украина и безбедносната криза во Европа, обезбедуваат основа за забрзување на евроинтеграцијата на Северна Македонија.

На средбата беше констатирано дека спроведувањето на одредбите од договорот оди со добра динамика и дека како спогодба, која обезбеди вин-вин решение за двете земји, овозможува отворена и постојана комуникација меѓу Скопје и Атина во интерес на просперитетот и граѓаните на двете земји.

Спонзорирано: