9.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

99 санкции за непропуштање пешаци на пешачки премин

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (05.04.2022) во периодот од 12.00 до 17.00 часот на територијата на Република Северна Македонија спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачите кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин, односно не ги почитуваат обврските како возачи. При контролата санкционирани се 99 возачи.

Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените акциски контроли. Апелираме до возачите секогаш да ги пропуштаат пешаците, односно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Исто така, апелираме и до пешаците да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, да придонесеме за побезбедни сообраќајници.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

153 санкции за брзо возење

M T

238 санкции за прекршоци што ги прават пешаците

M T

ЕУ воведе санкции кон Иран

M T

Јапонија најави нови санкции против Северна Кореја: „Не можеме повеќе да толерираме провокации“

M T

158 санкции за брзо возење

M T

452 санкции за брзо возење

M T