Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

240 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (05.04.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 240 возачи. Од нив 24 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 121 возач ја пречекорил брзината во населено место, а 119 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Македонија шеста најсиромашна земја во Европа – Мицкоски раскажува бајки, вели СДСМ

ДЕСК

Левица: Штедење врз грбот на студентите: Власта ги крати стипендиите за социјалните категории и за одличните

ДЕСК

Сиљановска-Давкова: Обновувањето на Македонско-словенечкиот бизнис клуб е важен чекор кон продлабочување на економската соработка

ДЕСК