Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

170 санкции за прекршоци што ги прават пешаците

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (04.04.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на целата држава беше спроведена акциска контрола за прекршоците што ги прават пешаците, при што беа изречени вкупно 170 мерки, меѓу кои 134 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин, 25 за непочитување на светлосните сообраќајни знаци итн. За време на контролата регистрирани се и 89 останати прекршоци.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Можеби ќе ве интересира

Почна протестот за поддршка на поранешните водачи на УЧК во Скопје – градот под сообраќајна блокада

ДЕСК

Трагедија го потресе Скопје: Маж загина додека работел со машина на работно место

ДЕСК

Тешка сообраќајна незгода во населбата Илинден

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.