Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИвест

Ковачевски: Има поединци финансирани од странски држави кои работат против Бугарија и Северна Македонија

„Постојат поединци, групи, па дури и политички партии кои се финансирани од трети држави, кои не сакаат да ја видат Северна Македонија во ЕУ и работат против евентуален договор со Бугарија“ изјави премиерот Димитар Ковачевски во „360 степени“ на АлсатМ.

Тој додаде дека и овие денови се забележуваат реакции од таквите пропагандисти кои обвинуваат за национални предавстава и од двете страни и во Софија и во Скопје.

Коментирајќи ја изјавата на бугарскиот премиер Кирил Петков за протерувањето на пет руски дупломати кои работеле против договор меѓу Бугарија и Северна Македонија, Ковачевски ијзави дека му верува на неговиот бугарски колега, бидејќи таа изјава е базирана на информациите од бугарските служби.

„Немам детали, но сигурно дека тоа што е за споделување, нивните агенции за национална безбедност ќе соопштат“ рече Ковачевски.

Можеби ќе ве интересира

Снег на Попова Шапка, магла на одредени патни правци, сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови

C +

Утре променливо облачно и релативно топло

C +

Филипче: Пари за 600 евра минимална плата само со кратење на луксузот на власта

ДЕСК