Од вкупниот број попишани граѓани, резидентни и нерезидентни, Македонци се 54,21 %, Албанци, 29,52 %, 3,98 % Турци, 1,18 се изјасниле како Срби, 0,87 се Бошњаци, а 0,34 отсто се Власи. Ова се резултатите од Пописот на населението и домаќиствата спроведен во текот на минатата година во Северна Македонија. Со Пописот се попишани вкупно 2.097.319 лица, од кои 1.836.713 се резидентно население, а 260.606 лица се нерезидентно население.
Од резидентното население како Македонци се изјасниле 58,48 отсто од граѓаните, 24,3 се Албанци, 3,86 се изјасниле како Турци, 2,53 како Роми, 0,94 отсто се Власи, а 0,87 отсто Бошњаци.
Од нерезидентното население, пак, што значи македонски граѓани кои надвор од државата повеќе од 12 месеци и странци кои се во земјава помалку од 12 месеци, 24,45 отсто рекле дека се Македонци, а 66,36 Албанци, 4,79 се изјасниле како Турци, 1,02 Роми 0,19 Власи, а 0,35 Срби.
Имам огромна чест и задоволство да објавам дека Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, вечерва, официјално, успешно заврши, соопшти директорот на Државниот Завод за Статистика, Апостол Симовски.
– Спроведениот Попис е резултат на долгогодишна работа и труд, посветеност, стручност и професионалност, резултат на ентузијазам и желба да се подготви, организира и спроведе оваа статистичка акција која ѝ беше неопходно потребна на нашата држава. За сето ова им упатувам искрени честитки на вработените во Државниот завод за статистика и на сите други учесници, рече Симовски.
– Ја изразувам својата огромна благодарност за огромниот труд на сите вработени во Државниот завод за статистика, Комисиите за пописните реони и до сите реонски инструктори и попишувачи, до медиумите, донаторите, државните институции, невладините организации, агенцијата за медиумска промоција на Пописот, но, пред сè, огромна благодарност до сите граѓани кои ја препознаа важноста на Пописот, ја остварија својата законска обврска и со попишувањето дадоа придонес за својата иднина и за иднината на своите поколенија. Затоа што, всушност, Пописот зависи од сите нас и е за сите нас, порача СИмовски кој ги објави податоците
Со Пописот во земјата се попишани вкупно 1 832 696 лица, 568 175 домаќинства и 837 255 станови.
Со примената на комбинираниот пописен метод и со користењето на новите техничко-технолошки алатки, се овозможи ефикасно следење на попишувањето и опфатот на единиците на попис на терен.
Изразено во бројки, тоа значи дека:
Од опфатените објекти за живеење, 91 % беа предмет на попис;
9 % се објекти кои не беа предмет на попис;
Сите објекти кои беа предмет на попис беа посетени по неколку пати. Онаму каде што по неколкукратните обиди не се оствари контакт со граѓаните, тие беа повикани да се попишат во седиштата на општините. Оние кои и тоа не успеаја да го направат, сепак ќе бидат дел од Пописот бидејќи се очекува да ги има во некоја од базите кои ќе се користат при обработката на податоците, така што со сигурност знаеме дека целосно и успешно го опфативме населението кое во овој момент живее во државата.
Овие показатели укажуваат на фактот дека целата активност е спроведена во рамките на очекуваното особено со оглед на тоа дека 20 години немаме пописни податоци и немавме точна претстава со што ќе се соочиме на терен.
Во однос на попишувањето на дијаспората, вкупно се самопопишаа 204 805 македонски државјани и тоа најмногу од западноевропските земји, а многу помал број од прекуокеанските земји.
Продолжуваме со следните фази: Првенствено, во Комисиите за пописните реони треба да се финализираат завршните активности (прибирање на лаптопи и останати пописни материјали и нивно враќање во Заводот), а потоа отпочнување на процесот на обработка на податоците според утврдена Програма за обработка на податоците и Акциски план.
Резултатите од Пописот се очекува да се објават во рок од 6 месеци од денот на завршувањето на Пописот, односно до крајот на март следната година.
Им честитам на сите граѓани! Република Северна Македонија, после 20 години има успешен Попис, рече Симовски.