7. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИСИЗБОР

Сите горива поскапуваат за 3 денари од литар – Ова се новите цени

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,60% во однос на одлуката од 23.03.2022 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 3,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,571 ден/кг и сега ќе изнесува 55,163 ден/кг.

Од 25.3.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 82,00 (денари/литар); Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 84,00 (денари/литар); Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 84,00 (денари/литар); Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 81,00 (денари/литар); Мазут М-1 НС 55,163 (денари/килограм)

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 2,944%, кај дизелот за 5,650%, кај екстра лесното масло за 5,694% и кај мазутот за 3,588%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,059%.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 25.3.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Можеби ќе ве интересира

Доларот ослабна, цената на нафтата падна

M T

Доларот падна втор ден по ред, падна и цената на нафтата

M T

Цената на нафтата од утринава е во пораст, вредноста на барел е 116 долари

M T

Еве колку чини литар бензин во Грција, а и Македонија веќе не е најевтина

M T

По поскапувањето има недостиг: Летово може да недостасуваат овие намирници

M T

ЕП: Од 2035 година нема да се произведуваат нови возила на бензин и дизел во Европа

M T