14.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

(ФОТО) Ковачевски се сретна со бугарскиот колега Петков

На маргините на Вонредниот Самит на НАТО се сретнав со колегата Петков, соопшти премиерот Димитар Ковачевски.

– Взаемно изразивме задоволство од динамиката на билатералната соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија преку работните групи кои се остваруваат во тековниот период, како и од потпишаните договори и меморандуми за соработка во повеќе области од заеднички интерес.

Оценивме дека правиме сериозни чекори напред и со целосното усогласување на надворешната и безбедносната политика на Северна Македонија со политиките на ЕУ со што ги продлабочуваме односите меѓу двете држави и го подигаме нивото на политички дијалог.
Имаме причини за оптимизам од унапредувањето на соработката меѓу двете земји со што се забрзува процесот на европска интеграција на Северна Македонија, изјави Ковачевски.

Спонзорирано: