16. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Среде криза градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ трошат милиони евра за партиски вработувања

Додека Владата предводена од СДСМ во време на криза презема навремени и ефикасни мерки за помош на граѓаните и стопанството, на сите им стана јасно дека кризата не важи за градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ.Освен што не работат ништо, не се кадарни ниту да ги завршат веќе започнатите проекти, трошат милиони евра од општинските буџети за партизација на општините, набавки на чоколадни бонбони и други аздисувања, се вели во соопштението од СДСМ.

Од партијата додаваат дека само четири градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ годинава ќе потрошат еден милион евра за партиски вработувања.

Но, затоа пак, градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се најгласни дека општините немаат пари да платат струја и парно, а истите со народни пари вдомуваат нивни сопартијци.

За сето ова време, Христијан Мицкоски кој глуми загриженост за економскиот стандард на граѓаните, нема намера да ги повика неговите градоначалници да престанат со аздисувањето и парите да ги пренаменат за потребите на граѓаните.

Ништо не е променето во ВМРО-ДПМНЕ, тоа е нереформирана партија која неодговорно се однесува со парите на граѓаните, се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Безбедносните служби не се играчка: Филипче го предупредува Мицкоски да престане да ја злоупотребува државата за политичка драма

C +

Филипче: Мицкоски злоупотребува безбедносни институции за да ги прикрие кризите, ова е преседан

C +

Костова за Фактор.мк: Граѓаните живеат тешко, ДПМНЕ и Мицкоски со прст не мрднаа да им помогнат

C +