Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведен криминалец баран со потерница – осуден на 10 години затвор, пронајден пиштол, куршуми…

На 15.03.2022 во 21.25 часот на ул.„Карпошово востание” во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги и Единицата за интервентна полиција го лишиле од слобода Е.К.(37) од Скопје. Тој се барал по две централни потерници – од Казнено-поправната установа Затвор Штип за доиздржување казна затвор од 6 години и 9 месеци, а бил осуден на 10 години и 4 месеци затворска казна за сторени кривични дела по член .386, член 238 и член 236 од Кривичниот законик, како и од Основен суд Скопје 1 Скопје за истрага за сторено кривично дело по член 292 од Кривичниот законик.

При преглед кај него и претрес во домот каде престојувал, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол, куршуми, повеќе таблети во различни бои и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривични дела. Тој бил приведен во полициска станица за понатамошна постапка.

Можеби ќе ве интересира

Земјотрес од 2.8 степени според рихтер го погоди охридскиот регион

ДЕСК

СДСМ: Непостоечки хигиеничари, лажни дневници, каде завршуваат парите од тендерот во Пошта вреден 1,2 милиони евра ?

ДЕСК

Групна тепачка во угостителски објект во Скопје – МВР со детали за предновогодишниот инцидент

ДЕСК