Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАвест

Ахмети за војната во Украина: Колку побрзо Путин се повлече, толку подобро за Русија

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети денеска даде свој коментар и за војната во Украина.

Тој вели дека сите се заинтересирани за да се најде побрзо решение и да се затвори овој случај, кој е болен за Украина.

„Да се најде решение за да се стигне до прекин на огнот и да се отвори патот за дијалог и да се воспостави мир. Да се остават во слобода Украинците да одлучуваат за своите судбини. Претседателот Путин и Русија треба да чувствуваат одговорност како една голема моќна држава направиле инвазија на еден народ, ја нарушуваат волјата на еден народ и ова е срамота, вели Ахмети.

Тој додава дека колку побрзо се повлечат, толку подобро ќе биде и за Русија и за Европа, пишува ТВ21.

„Мислам дека рускиот народ има колективна одговорност да не дозволи оваа безмилосна војна што се случува во Украина и да се стави крај на оваа инвазија што е можно поскоро“, додава Ахмети.

Можеби ќе ве интересира

Првиот заменик претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали официјално го отвори 11-тиот ЕУСАИР Форум во Скопје

ДЕСК

НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: УХМР со вонредни најави за времето

ДЕСК

(фото) Царинска управа: Златна плочка вредна 4,5 милиони денари пронајдена во чевел на патник на граничен премин Богородица

ДЕСК