Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Мицкоски договара зделки во име на Арсовска, институциите да истражат и да постапат

Христијан Мицкоски кажа дека преговарал со компании и дека бил во завршна фаза за подготовка на тендерска документација за набавка на автобуси за Град Скопје. Зошто Мицкоски преговарал во име на Арсовска за набавка на автобуси и како може претседател на партија да подготвува меѓународни тендери?

Дали заради Мицкоски е прекинат проектот за бас рапид транспорт во Скопје, поддржан од ЕБРД? Од ЕБРД не се добиваат тендери.

Дали и претседателот на Советот Трајко Славевски е вмешан во оваа партиска операција? Очигледно на повидок е нов голем скандал на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во соопштението од СДСМ.

И Груевски вака преговараше со Јанкуловска, за тоа на М. Вака Јанушев преговараше со Јанакиевски за кинеските автобуси. Вака и Груевски најавуваше трамвајски автобуси во Скопје.

Ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е истата корумпирана партија од времето на Груевски.

Институциите треба да го истражат овој случај и да постапат, Арсовска мора да одговори на сите овие прашања, се вели во соопштението од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Преку мобилна апликација секој ќе може да си провери дали има казна од „Безбеден град“, ќе се бележи историја на прекршоци за секого

C +

Инцидент во скопско село: Закани со огнено оружје по конфликт за паркинг

ДЕСК

Предновогодишна тепачка во угостителски објект во Скопје

ДЕСК