Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведени крадци во Скопје, украденото пронајдено и ќе биде вратено на сопственикот

На 07.03.2022 во 19.30 часот од страна на Одделението за криминалистички работи Гази Баба и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје биле лишени од слобода С.П.(34) и И.Б.(21), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека истиот ден во гаражен простор на трговски центар на подрачјето на Гази Баба извршиле тешка кражба во патничко моторно возило “шкода“ со неготински регистарски ознаки, сопственост на В.В. од Неготино при што одзеле повеќе предмети.

Тие биле приведени во Полициската станица Бит Пазар и кај нив биле пронајдени украдените предмети, како и алат со кој било извршено кривичното дело. Со нив бил извршен службен разговор, во кој го појасниле начинот на извршување на кривичното дело. По целосното документирање на случајот против нив ќе биде поднесена кривична пријава.

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ ТЕЛЕФОНСКИ РАЗГОВАРАЛ СО НОСИТЕЛОТ НА СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА – Честитка за изборната победа во Србија

ДЕСК

СЕДУМ ВОЗАЧИ ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА ЗА ЕДНО ДЕНОНОЌИЕ – Дел возеле без дозвола, други под дејство на алкохол

ДЕСК

УТРЕ ПОСЕБЕН СООБРАЌАЕН РЕЖИМ ВО СКОПЈЕ – МВР најави ограничувања поради официјална посета

ДЕСК