Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИвест

Ковачевски: Во тек е подготовка на нови антикризни мерки

Премиерот Ковачевски на Фејсбук најави дека Владата прави анализи и подготвува нови антикризни мерки како одговор на поскапувањата на енергенсите и цените.

„Во тек е подготовка на анализата и можните нови мерки кои треба да се најдат во најскоро време на владина седница. Најголемата економската и енергетска криза во современата историја е во полн ек, но со навремени мерки ќе се погрижиме да го заштитиме животниот стандардот на граѓаните, но и да обезбедиме буџетска поддршка за стопанството и ублажување на ценовните шокови“ – пишува Ковачевски.

Вечерва со членовите на Економскиот совет разговарале за актуелната економска состојба во време на воената состојба во Украина, за сериозните ризици и последици која таа ги предизвикува и за нејзиното влијание и врз енергетската криза.

Владата во неколку наврати досега носеше мерки како поддршка на граѓаните и стопанството. Ковачевски во изминатиот период ги посочи покачувањето на минималната плата, покачувањето на пензиите, финансискиот пакет за пензионерите, преку 80 милиони евра субвенции за електрична енергија со цел намалување на ценовниот шок, како и мерките за смрзување на цените и ограничување на маржите на основните прозиводи, како главни мерки за битка со кризата.

Можеби ќе ве интересира

Орце Ѓорѓиевски потврди: Отпуштени 371 работник од јавните претпријатија во Скопје

ДЕСК

ДОАЃА МНОГУ ДОЖД И НЕВРЕМЕ: Синоптичарите со 4 дневна прогноза

ДЕСК

( ФОТО) И премиерот Христијан Мицкоски се појави на стартот на акцијата за чистење на Скопје

ДЕСК