Centar.mk
ТЕМАБИЗНИСТОП ВЕСТИ

Дизелот се зголемува за 10 денари, бензинот за 5,5 денари по литар

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 5,50 денари/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 28.02.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 89,50 денари/литар, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 91,50 денари/литар.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемува за 10,00 денари/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 28.02.2022 година и со тоа малопродажната цена на
ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 85,50 денари/литар.

Можеби ќе ве интересира

Министерството за дигитална трансформација и VISA потпишаа Меморандум за соработка

C +

Mozzart го отвори „Театарот на хуманоста“: Племенита уметност која ја храни душата

C +

Кинески пари на европските улици: Запленети 1,2 милијарди лажни евра

C +