Centar.mk
БИЗНИС

РКЕ ПРЕД ОДЛУКА, СЕ ГОТВАТ НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: Ќе има ли корекција на цените на бензинот и дизелот?

Се подготвуваат новите цени на горивата. Утре Регулаторната Комисија за Енергетика се очекува да ги објави најновите цени на бензинот и дизелот.

Одлуката треба да биде донесена во понеделник напладне и соодветно на тоа објавена во јавноста, а новите цени ќе важат веќе од вторник.

Во моментов на светските берзи забележуваме високи цени на нафтата од типот брент кој се продава за 112-113 долари за барел, додека нафтата од типот вти круд се продава за околу сто долари.

Во моментов цените на горивата се следни:
ЕУРОСУПЕР БС – 95 86.5 ден/л
ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 95.5 ден/л
ЕУРОСУПЕР БС – 98 88.5 ден/л
ЕКСТРА ЛЕСНО 1(ЕЛ-1) 92 ден/л

Можеби ќе ве интересира

Што ги движи иновативните компании? Реплек и Економскиот факултет отворија дебата за иднината на бизнисот

C +

Охрид домаќин на 10. Регионален симпозиум на лаборатории за нафта и нафтени деривати – ОКТА ја потврдува својата улога на регионален енергетски партнер

C +

Global Engineer Girls North Macedonia дел од средбата на девојки-инженери од осум држави

C +