Centar.mk
ТЕМАБИЗНИСТОП ВЕСТИ

Бензинот денес е за 1 денар поскап од август 2012, кога се точеше за 88,50 денари

Во 2012, кога минималната плата во Македонија беше 8.080 денари, бензинот супер 98 достигна 88,50 денари, додека бензинот супер 98 се продаваше за 90,00 денари.

(Одлуката од 27.08.2012 на Регулаторната комисија за енергетика е достапна на нивниот веб сајт и може да се погледне тука.)

Рекордот од 2012, за прв пат беше пробиен денес кога бензинот супер 95 достигна 89,50 денари, додека супер 98 се точи за 91,50 денари.

 

(Одлуката од 7.03.2022 на Регулаторната комисија за енергетика е достапна на нивниот веб сајт и може да се погледне тука.)

Минималната плата во однос на 2012 година е дваипол пати повисока. Тогаш била 8080 денари, сега 18000 денари.

Рекорд е пробиен и со цената на дизелот, со оглед дека сега се продава за 85,50 денари, а во август 2012 се точел за речиси 75 денари по литар.

Цените на горивата вивнаа, откако Русија ја нападна Украина. Руските воени дејствија доведоа до големи поскапувања на сите енергенски.

Можеби ќе ве интересира

РКЕ ПРЕД ОДЛУКА, СЕ ГОТВАТ НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: Ќе има ли корекција на цените на бензинот и дизелот?

ДЕСК

Барел нафта повторно премина 112 долари

ДЕСК

Клучен енергетски објект во срцето на Скопје: ЕВН Македонија ја активира новата стратешка трафостаница „Централна“

ДЕСК